Трамп: Царини од 50 проценти за бразилските производи како поддршка за поранешниот бразилски претседател Болсонаро

Претседателот на САД, Доналд Трамп вчера испрати писмо до бразилскиот колега Луис Инасио да Силва во кое го информира дека планира да воведе дополнителни царини од 50 проценти за бразилските производи како одговор за кривичното гонење на поранешниот претседател Жаир Болсонаро.
– Односот на Бразил кон поранешниот претседател Болсонаро е меѓународен срам, напиша Трамп во писмото, опишувајќи го гонењето на поранешниот бразилски ултрадесничарски лидер како „лов на вештерки (што) мора веднаш да заврши“.
Министерството за надворешни работи на Бразил претходно објави дека го повикало вршителот на должноста амбасадор на САД на разговори во знак на протест поради поддршката на Амбасадата за Болсонаро, против кого има судски процес за обид за државен удар.
– Ние сме суверена земја. Не прифаќаме мешање или туторство од никого, изјави Силва на 7 јули, откако Трамп побара од Бразил да го „остави на мир“ поранешниот претседател Болсонаро.
Ново на Сител
-

Нема евидентиран излез на Ива Михаилова
-

Тошковски: Михаилова нелегално ја напуштила Македонија, истрагата ќе утврди на кој начин
-

ВМРО-ДПМНЕ ги обвини Филипче и Заев
-

Тема на денот со Панче Тошковски, министер за внатрешни работи
-

Тошковски: Ива Михаилова нелегално ја напуштила државата
-

Бугарија не го поддржува, но го разбира бегството на Михаилова
-

Како Ива Михаилова успеа да избега од државата - опозициските партии бараат оставки
-

Бугарски реакции за случајот Ива Михаилова
