Трамп до републиканците: Победа на меѓуизбори или демократите ќе ме отповикаат

Американскиот претседател Доналд Трамп ги предупреди републиканските членови на Претставничкиот дом дека партијата мора да победи на меѓуизборите за Конгресот во ноември 2026 година, бидејќи во спротивно демократите ќе покренат постапка за негово отповикување (импичмент).
Таканаречените „меѓуизбори“, кои се одржуваат на половина од претседателскиот мандат, традиционално се сметаат за своевиден референдум за актуелниот претседател. Речиси по правило, партијата која е на власт во Белата куќа ја губи контролата врз Конгресот на овие избори.
– Мора да победите на меѓуизборите бидејќи, ако не победиме, мислам дека едноставно ќе најдат причина да ме отповикаат. Ќе ме отповикаат, изјави Трамп на средбата со републиканските конгресмени во Вашингтон.
Тој ги повика републиканците да настапуваат со усогласени ставови за прашања како што се родовата политика, здравството и изборните реформи, и активно да ги застапуваат неговите политики пред јавноста.
Способноста на Трамп да ја спроведе својата програма зависи од исходот на изборите во ноември, на кои ќе се одлучува за целиот состав на Претставничкиот дом и за една третина од местата во Сенатот.
Иако Трамп прогнозира голема победа на републиканците, тој изрази загриженост поради историскиот тренд на лоши резултати за владејачката партија на средината од мандатот.
– Велат дека кога ќе го освоите претседателското место, ги губите среднорочните избори. Би сакал да можете да ми објасните што, по ѓаволите, се случува во умот на јавноста, рече Трамп во Меморијалниот центар за изведувачки уметности „Џон Ф. Кенеди“, во чие име неодамна беше додадено и неговото презиме.
За време на неговиот прв мандат (2017-2021), Претставничкиот дом предводен од демократите двапати изгласа отповикување на Трамп поради обвинувања за злоупотреба на положбата поврзана со Украина и за поттикнување на немирите во Капитол на 6 јануари 2021 година. Сенатот, каде мнозинството го имаа републиканците, во двата случаја го ослободи од обвинувањата.
МИА
Ново на Сител
-

Почина актерката Ленче Делова
-

ЦУК со вонредни информации за поплавите, се интевернира на критичните места
-

Мицкоски од Минхен: За Македонија членството во ЕУ не е милост, одамна е заслужено
-

УХМР: Најмногу дожд во Гевгелија, Штип и Попова Шапка
-

Идентификуван и уапсен сторител на разбојништво во Штип
-

Силекс од 1:0 до победа од 2:3 во Струга
-

ЦУК: Евакуирани 180 лица од поплавени куќи во Кичево, во Беловиште заглавени две деца со мајка
-

ЗОИ 2026: Атанасовска не ја заврши првата трка во велеслаломот, води Брињоне
