-->
-->
Трамп го оквалификува Фејсбук како „анти-Трамп“ мрежа
-->

Американскиот претседател Доналд Трамп ја нарече мрежата на Фејсбук Анти-Трамп.
Коментарот на Трамп доаѓа само неколку дена откако Фејсбук објави дека доставиле материјали до комитетот на Конгресот што го истражува можното руско мешање на претседателските избори минатата година.
„Фејсбук отсекогаш бил анти-Трамп, напиша Трамп, додавајќи дека социјалните мрежи секогаш биле против него.
Засега, Фејсбук не ја коментираше оваа изјава на американскиот претседател.
Пред неколку дена, оваа социјална мрежа соопшти дека на Конгресниот истражен комитет ќе им обезбеди содржина од 3.000 политички реклами што ги купиле руските правни лица за време на предизборната кампања минатата година.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Од минималецот да почне плаќањето по час, предлагаат работодавачите - ССМ: Сега вреди 2,5 евра - тоа е мизерно
-

Филипче: Нема да дозволиме отворање на рудникот Иловица - Штука
-

Тема на денот со Шимон Коловња, потпретседател на полското собрание
-

Второ убиство во Ѓорче Петров
-

Даночни инспектори обвинети за поткуп - му откривале на Деко кога ќе има контроли во „Пулс“
-

Дигиталното насилство како реална опасност
-

Расте бројот на деца жртви, но и на малолетници кои прават прекршоци
-

Владата формира национален комитет за заштита на новинари
