Трамп има мали шанси да биде реизбран на изборите во 2020 година

Најновото истражување на јавното мислење на телевизијата Еј-Би-Си и весникот Вашингтон Пост покажува дека Доналд Трамп има мали шанси да биде реизбран на претседателските избори во 2020 година.
Според анкетата 56 отсто од испитаниците се изјасниле дека воопшто не им паѓа на памет да ја разгледаат опцијата во 2020 година да гласаат за Трамп. Од друга страна, помалку од тројца од 10 луѓе или 28 отсто, се изјасниле дека „дефинитивно“ ќе гласаат за Трамп.
Од друга страна, сегашниот претседател, кој е на половина од својот мандат, нема едногласна поддршка и од републиканците. Една третина од испитаните републиканци не би сакале Трамп да биде номиниран за претседател на изборите во 2020 година, додека две третини, или 62 отсто, се изјаснале дека Трамп треба да добие номинација за претседател.
Демократски настроените Американци се уште немаат дефинитивна одлука за кога да гласаат бидејќи сцената на кандидати се уште се пополнува. Камала Харис, која објави своја номинација и викендов ја започна кампањата во сојузната држава Ајова, доби поддршка од осум отсто. Поранешниот потпретседател Џо Бајден има поддршка од девет проценти, додека за сенаторот од Вермонт, Берни Сандерс, би гласале четири отсто од испитаниците.
Поради блокадата на федералната Влада, рејтингот на Трамп е на многу ниско ниво од околу 39 отсто.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Не гледам криза во Собранието која би предизвикала предвремени избори
-

39 годишник пронајден починат во дворот на битолската болница
-

КЗК го преиспитува новововедениот режим за користење на зоната „Hug & Fly“ за возила на Меѓународниот аеродром Скопје
-

УХМР: Утре попладне засилен ветер, пороен дожд, грмежи и услови за појава на град
-

Клековски: Апел да се вакцинираат децата против морбили за да превенираме можна епидемија по растот на случаи во Косово и Бугарија
-

Јаневска: Првачињата да стекнат и братче или сестриче покрај знаење, така ќе ги отвориме училиштата што сега ги затвораме
-

Мицкоски за дата-центрите: Многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен, ја водиме Македонија во просперитет
-

Ќе се реконструира Клиниката за физикална медицина и рехабилитација во Скопје - инвестиција од 92,7 милиони денари
