Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не е загрижен за напади поддржани од Иран на американско тло, додека Федералното истражно биро (ФБИ) предупредува на ирански дронови кои потенцијално би можеле да го погодат западниот брег на САД, пренесува Еј-Би-Си Њуз.
САД и Израел извршија напади врз Иран пред речиси две недели, вовлекувајќи го регионот на Заливот во војна. Техеран изведува одмазднички напади како одговор на американско-израелските напади во кои загинаа високи ирански функционери, вклучително и врховниот водач на земјата.
На прашањето дали е загрижен дека Иран може да ја зголеми својата одмазда со напади на американско тло, Трамп им одговори на новинарите: „Не, не сум“.
Еј-Би-Си Њуз објави дека ФБИ ги предупредило полициските оддели во Калифорнија дека Иран би можел да се одмазди за американските напади со лансирање дронови кон западниот брег.
„Неодамна добивме информации дека од почетокот на февруари 2026 година, Иран наводно се стреми да изврши ненадеен напад со користење на дронови од неидентификуван брод во близина на брегот на САД, конкретно против неодредени цели во Калифорнија, во случај САД да извршат напади против Иран“, напиша ФБИ во предупредувањето дистрибуирано на крајот на февруари, според Еј-Би-Си Њуз.
„Немаме дополнителни информации за времето, методот, целта или сторителите на овој наводен напад“, се додава во известувањето.
МИА
Ново на Сител
-

Соседи на 57-годишник од Визбегово му ја скршиле влезната врата и го нападнале
-

Тешко повредена велосипедистка во Скопје
-

Едно разбојништво и два обиди за разбојништва вчеравечер во објекти на подрачје на Бит Пазар
-

Мицкоски: ДДВ за горивата се намалува на 10%
-

Приведено едно лице при претрес во Куманово
-

Виткоф: Конструктивни беа разговорите со украинската делегација во Мајами
-

Пронајдена почината кумановка во Средорек
-

Над 1500 луѓе загинаа во Иран во текот на првите три недели од војната, соопштија иранските власти
