Трамп изјави дека САД и Израел „многу силно“ ќе го удрат Иран во текот на следната недела

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека американските и израелските напади против Иран ќе продолжат и во третата недела, предупредувајќи дека Техеран ќе се соочи со дополнителни тешки напади во наредните денови.
– Ќе ги удираме многу силно во текот на следната недела – изјави денеска Трамп за Fox News Radio.
– Уништивме поголем дел од нивните ракети – додаде тој.
Трамп исто така рече дека кредибилитетот на новиот врховен водач на Иран, Моџтаба Хамнеи, е ставен на тест по заканите од Техеран, пренесе ДПА.
– Многу зборуваа, па сега тој ќе мора да се докаже – рече Трамп, мислејќи на изјавите на иранските официјални лица.
Хамнеи, во изјавата што вчера ја прочита спикерот на државната телевизија, повика на одмазда за жртвите во војната со Соединетите Американски Држави и Израел.
Техеран, исто така, ќе продолжи да го користи Ормускиот Теснец, витален воден пат за нафта и гас, како средство за притисок против своите непријатели, се вели во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Жесус: Роналдо кога сака може да се врати во репрезентацијата
-

Сензација во АБА лигата – ФМП ја победи Црвена Звезда
-

Стартни победи за Пелистер, Кожув и Работнички
-

„Безбеден град“ со вештачка интелигенција ќе регистрира возење без кацига
-

Хмара: Украинските сили онеспособија над 51 отсто од руските рафинериски капацитети за нафта
-

На денешен ден, пред 19 години, Тоше Проески го одржа својот последен концерт
-

Бразил во втор круг ќе избира претседател меѓу Болсонаро и Лула
-

Повлечени американските бомбардери Б-1 од британската база „Ферфорд“ поради безбедносни закани
