Трамп ја нарече судската одлука за изрекување пресуда против него „незаконски политички напад“
Повторно избраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја нарече одлуката на судијата Хуан Мерчан да не го запре случајот против него за исплатите за молчење на порно-ѕвездата Сторми Даниелс и да изрече пресуда на 10 јануари „незаконски политички напад“.
„Овој нелегитимен политички напад не е ништо повеќе од фарса“, напиша идниот претседател, кој ќе ја преземе функцијата на 20 јануари, на неговата социјална мрежа „Трут Соушл“.
Судијата Хуан Мерчан изјави дека Трамп, прв поранешен претседател кој бил осуден за кривично дело, може да се појави лично или виртуелно на изрекувањето на казната.
Во одлуката напишана на 18 страници, Мерчан ги отфрли различните барања на адвокатите на Трамп за поништување на неговата пресуда.
Судијата истакна дека наместо затворска казна склон е да одреди „безусловно ослободување“ (што значи дека осудата останува, но обвинетиот е ослободен без затвор, парична казна или условно), што е многу поблага казна и ќе овозможи Трамп да влезе во Белата куќа, но како осуден криминалец.
Лани во мај на судење во Њујорк Трамп беше прогласен за виновен по 34 точки и тоа за фалсификување деловни документи со цел да прикрие исплата на пари на Сторми Даниелс, актерка во филмови за возрасно, што се случувало пред изборите во 2016 година, за да се спречи таа да открие дека во 2006 година имала сексуална врска со Трамп
Ново на Сител
-
Протест пред зградата на РТС во Белград: Студентите залудно бараа вклучување во програмата
-
Во Братислава 60.000 луѓе протестираа со барање за оставка на Фицо
-
Лоши вести за Баерн, повредата на Дејвис е посериозна од очекуваното
-
Белград: На осомничената која удри девојка со автомобил и е одреден притвор до 48 часа
-
Ја заслужуваш титулата пријателе - Ѓоковиќ ќе навива за Зверев во финалето на Австралија Опен
-
Едно лице загина во сообраќајка на експресниот пат Ранковце - Крива Паланка
-
Путин: Не одбивме комуникација со Вашингтон, подготвени сме за разговори со Трамп
-
Инцидент во Нов Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка