Трамп: Ќе има значително помалку жртви од коронавирус од предвиденото

Американскиот претседател Донад Трамп изјави дека се очекува бројот на жртви од коронавирус во САД да биде „значително помал“ од првичните проценки кои укажуваа дека во земјата може да починат околу 100.000 луѓе.
– Спасивме толку многу животи во споредба со она што можеше да биде. Кажуваа дека ќе има минимум 100.000 жртви. Ќе видиме што биде на крајот. Кажуваа помеѓу 100.000 и 2,2 милиони ако не сторевме ништо, рече Трамп на прес- конференција во Белата куќа.
Тој додаде дека САД се во „многу добра состојба“ кога станува збор за подготовките за ширење на коронавирусот, јави Би-Би-Би.
– Одлична е состојбата со заштитна опрема, рече Трамп и додаде дека гувернерите не испраќаат барања за помош.
Тој информира дека во САД дневно се прават 100.000 тестови и дека досега се тестирани два милиона луѓе.
Во однос на намалувањето на рестриктивните мерки истакна дека тоа нема да го стори се додека не биде сигурен дека „земјата е здрава“.
Ново на Сител
-

Реми на македонските ракометари со Австрија
-

ФФМ усвои нов Статут и најави четиригодишна стратегија за развој на македонскиот фудбал
-

Владата утре во 12 часот со вонредни мерки за горивата
-

Полицајци и пожарникари го пребаруваат теренот во Зрновци каде беше пронајдено распаднатото тело на жена
-

Шест лица уапсени за семејно насилство, вкупно седум пријави во последното деноноќие
-

Тело на жена во распаѓање пронајдено во близина на Зрновска Река
-

Пожар во куќа во Прилеп, повреден пожарникар
-

Осумгодишно дете прегазено на патот Радовиш-Конче
