Трамп ќе воведе царини од 25 отсто за автомобили, лекови и чипови

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави синоќа дека планира да воведе царини за автомобили од околу 25 отсто и слични давачки за полупроводници и фармацевтски производи, што е најново во серијата мерки што би можеле да ја нарушат меѓународната трговија.
Трамп во петокот рече дека нема да воведува царини за автомобили пред 2 април, ден откако членовите на неговата влада се очекува да му ги претстават податоците и решенијата за серија увозни царини за американски стоки. Тој долго време предупредува за, како што го нарекува, нефер третман на американските возила на странските пазари.
Европската унија, на пример, го оданочува увозот на автомобили со десет проценти, четирипати повеќе од САД – 2,5 проценти. Но, САД имаат царина од 25 отсто за увезените пикапи, освен оние кои доаѓаат од Мексико и Канада.
Трамп изјави дека секторските тарифи за фармацевтските производи и полупроводници, исто така, „ќе започнат од 25 проценти и повисоки и ќе бидат уште повисоки во текот на годината“.
Тој не наведе конкретен датум кога ќе стапат на сила тарифите, додавајќи дека сака да им даде време на производителите на лекови и чипови да градат фабрики во САД за да ги избегнат.
Од неговата инаугурација пред две недели, Трамп воведе десет отсто царина на целиот увоз од Кина, бидејќи Пекинг не го запре шверцот на фентанил. Потоа најави, а потоа одложи за еден месец, царини од 25 отсто за сите стоки од Мексико и Канада, освен енергијата.
Тој го одреди 12 март како датум за почеток на царината од 25 отсто за увоз на алуминиум, елиминирајќи ги исклучоците за Канада, Мексико, Европската унија и другите трговски партнери. Тарифите ќе важат и за стотици производи од челик и алуминиум.
Минатата недела Трамп го задолжи својот економски тим да подготви план за воведување реципрочни тарифи за секој производ што ќе одговара на тарифите во другите земји.
Ново на Сител
-

Големиот пожар кај Струмица е ставен под контрола
-

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон
-

Ангелов: Ова е еден од најтешките денови, активни се над 15 пожари на отворен простор
-

Во гаснењето на пожарот кај Струмица се вклучи и еден ер трактор
-

Ѓорѓиевски: Запуштениот тревник на плоштад ,,Македонија” станува мала зелена оаза
-

СВР Скопје и ДЗС со превентивна акција за заштита од пожари во Чучер Сандево
-

Уште еден смртен случај од западнонилска треска, вкупно пет починати досега
-

Кривична пријава против Латвиец за криумчарење мигранти
