Трамп: Краткорочниот скок на цената на нафтата е мала цена што треба да се плати за светскиот мир

Претседателот на САД, Доналд Трамп, се огласи на социјалната мрежа Truth Social откако светските цени на нафтата се искачија на повеќе од 100 долари за барел, како резултат на војната што САД и Израел ја водат против Иран од минатата недела.
Како и секогаш, Трамп ги минимизираше негативните ефекти од војната, велејќи дека дури и со зголемувањето на цената, „вредело“.
„Краткорочните цени, кои масовно ќе паднат кога ќе биде уништена нуклеарната програма на Иран, се мала цена што треба да се плати за САД и светот за да постигнат мир и безбедност“, рече Трамп.
Тој додаде дека „само будалите би размислувале поинаку“.
Огромниот скок на цените на нафтата почна да се гледа низ целиот свет, каде што цените на горивата растат.
Во делови од САД, цената на горивото се искачи над четири долари за галон (1,06 долари за литар), што може да биде огромен проблем за Републиканската партија и Трамп на ноемвриските избори оваа година.
Иако Вашингтон очекуваше војната да заврши релативно брзо, особено по атентатот врз ајатолахот Али Хамнеи, конфликтот не е завршен, а Иран дури најавува дека ќе ги засили нападите во следните неколку дена, откако синоќа го објави името на новиот лидер, Моџтаба Хамнеи.
МИА
Ново на Сител
-

Американската војска соопшти дека ги обновила нападите врз цели во Иран
-

Ердоган на средба со Путин порача дека односите меѓу Турција и Русија се на најнапредно ниво
-

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела
-

Сиднеј ја регистрира најтоплата зима откако се води евиденција
-

„Сејф сити“ почна да ги лови и мотоциклистите - Детектирани девет прекршоци уште на првиот ден
-

Скопската вода безбедна за пиење и со добар квалитет
-

Нема оштетување на таблата на македонската амбасада во Софија, велат од МНРиНТ
-

Татко баран со потерница за обид за убиство, на бугарска ТВ ја брани ќерка му на која ѝ се суди за смртна сообраќајка
