Свет
14. July 2024 - 9:44

Трамп: Ме застрелаа со куршум во горниот дел од десното уво

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека бил застрелан со куршум во пределот на десното уво.

„Сакам да им се заблагодарам на Тајната служба на САД и на сите органи за спроведување на законот за нивната брза реакција на пукањето што штотуку се случи во Батлер, Пенсилванија. Што е најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на убиениот на митингот, како и до семејството на уште едно лице кое  е тешко повредено. Неверојатно е дека таков чин може да се случи во нашата земја. Засега не се знае ништо за напаѓачот, кој сега е мртов. Бев застрелан со куршум кој го прободе горниот дел од десното уво. Веднаш знаев дека нешто не е во ред со тоа што слушнав истрели... Имаше многу крв, тогаш сфатив што се случува“.