-->
-->
Трамп: Ме застрелаа со куршум во горниот дел од десното уво
-->

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп објави дека бил застрелан со куршум во пределот на десното уво.
„Сакам да им се заблагодарам на Тајната служба на САД и на сите органи за спроведување на законот за нивната брза реакција на пукањето што штотуку се случи во Батлер, Пенсилванија. Што е најважно, сакам да изразам сочувство до семејството на убиениот на митингот, како и до семејството на уште едно лице кое е тешко повредено. Неверојатно е дека таков чин може да се случи во нашата земја. Засега не се знае ништо за напаѓачот, кој сега е мртов. Бев застрелан со куршум кој го прободе горниот дел од десното уво. Веднаш знаев дека нешто не е во ред со тоа што слушнав истрели... Имаше многу крв, тогаш сфатив што се случува“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Сообраќајка меѓу три возила на експресниот пат Кочани-Штип
-

Пленковиќ ги отфрла обвинувањата за кршење на Уставот
-

646 казни на првиот ден од „Безбеден град“
-

Милановиќ: Владата ја киднапира земјата и бескрупулозно предизвикува поделби, Пленковиќ е најодговорен
-

Во Краљево приведен Македонец осомничен за пет грабежи
-

Сиљановска-Давкова на Светскиот самит на лауреати: Во науката нема мали и големи држави, туку само мали и големи идеи
-

Судење за пожарот во „Пулс“: Пирoтехника се користела и претходно, имало и контроли, но забавата не била прекинувана
-

Се расчистува поголем одрон од карпа на патот Градско-Велес наспрема ХИВ
