Трамп на Твитер навреди двајца познати американски ТВ водители

Американкиот претседател Доналд Трамп преку Твитер жестоко ја нападна една од водечките телевизиски водителки во САД, Мика Бжежински и нејзниот партнер во програмата Џо Скарборо.
За Бжежински која ја води утринската програма на Ем-Ес-Ен-Би-Си, претседателот на САД тврди дека имала „неуспешна пластична операција“, додека за Скарборо дека „човекот е психо“.
Трамп вели дека Бжежински била „целосно без крв и искрвавена од фејс-лифтингот“, додека со Џо престојувале во неговото голф одморалиште Мар-а-Лаго, што се наоѓа на Флорида.
- Слушнав дека во ниско рангираната утринска програма „Наутро со Џо“ зборуваат лошо за мене. Немојте повеќе да ја гледате програмата, напишал Трамп, дисквалификувајќи ја Бжежински дека како новинар „има низок процент на интелигенција“.
Двајцата водители во американската јавност се познати како спаринг партнери во голф на Трамп, но и како лица кои во последно време остро го критикуваат.
Бжежински неодамна оцени дека „Трамп развива диктатура“, додека нејзниниот партнер изјави дека тој е „лажен претседател“.
Во текот на предизборната кампања во САД минатата година, Трамп беше многу често во ниваната програма, па компанијата беше обвинувана дека го фаворизира.
Грубите зборови и острите дисквалификации кон водителите, наидоа на остро осуди од страна на демократите, но и на дел од републиканците, со оценка дека е „крајно недолично“ претседателот на САД да испраќа вакви пораки на социјалната мрежа.
Белата куќа, меѓутоа, соопшти дека не смета оти претседателот направил нешто лошо, туку дека само се бранел од нападите.
Мика Бжежински е ќерка на советникот на поранешните американски демократски претседатели Џими Картер и Линдон Џонсон, Збигњев Бжежински, додека Џо Скарборо е поранешен републикански конгресмен.
Тие двајцата се верени и до пред еден месец медиумите во САД, тврдеа дека Трамп ќе им биде кум на свадбата.
Ново на Сител
-

Вучиќ: Не можам да ги соопштам имињата на 49-те помилувани лица, тоа е работа на надлежните органи
-

Мицкоски: Очекувам наскоро да биде валоризиран напредокот во Реформската агенда и да почнеме преговори со ЕУ
-

Просечната нето-плата во август изнесувала 48.733 денари
-

Зголемена употреба на дронови на одбележувањето на 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба
-

Клековски: Годинава извршени 15 трансплантации на бубрег, до крајот на годината планирани уште три
-

Малолетничка сексуално вознемирена во автобус во Скопје
-

Kривична пријава за двајца вработени во Брзата помош во Тетово – не испратиле екипа за повредено лице
-

Сведоци на одбраната: Полицијата била пред дискотеката и помагала по пожарот во „Пулс“
