Трамп не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат
Поранешниот и нов американски претседател Доналд Трамп предизвика нова полемика со изјавата дека не е 100 отсто сигурен дека не смее да се кандидира за трет мандат.
- Собрав многу пари за следните избори, претпоставувам дека не можам да ги искористам за себе, но не сум 100 отсто сигурен, рече Трамп на вечерата со републиканските членови на Претставничкиот дом на Флорида.
Ова не е првпат Трамп да навести можност за трет мандат. На неодамнешниот митинг во Лас Вегас, Невада, тој изјави дека „би му била најголема чест во животот да служи не еднаш, туку двапати или три пати“, дополнително подгревајќи ги шпекулациите за неговите идни политички планови.
Републиканскиот претставник Енди Оглс од Тенеси претходно предложи измена на Уставот на САД за да му се овозможи на Трамп трет мандат. Меѓутоа, измена на американскиот Устав е исклучително сложен процес. За формален предлог би било потребно двотретинско мнозинство во двата дома на Конгресот – што републиканците во моментов го немаат – или свикување уставна конвенција, што не се случило од 18 век. За ратификација е потребно одобрение од три четвртини од сојузните држави или 38 држави.
Во САД претседателот може да се кандидира најмногу два пати. Ова е пропишано со 22-от амандман на Уставот на САД, кој беше усвоен во 1951 година. Според тој амандман, ниту едно лице не може да ја извршува функцијата претседател повеќе од два пати, односно вкупно осум години.
Ново на Сител
-
Седница за пратенички прашања во Собранието
-
Опозицијата иницира надзорна расправа за решавање на проблемот со загадениот воздух
-
Граѓаните се повеќе пријавуваат лекари кои им побарале мито
-
Потребни се итни мерки за заштита на охридскиот регион
-
Учениците знаат за селекција, но немаат услови за примена
-
Преглед на вестите од светот
-
Нова анкета за довербата во правосудството?
-
Тема на денот со Жана Базби, бизнис психолог и психотерапевт (Лондон)