Трамп не верува дека Кина и Русија му помагаат на Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не верува оти Кина и Русија му помагаат на Иран, тврдејќи дека двете земји имаат премногу за губење доколку го сторат тоа.
Реагирајќи на коментарите дека Пекинг и Москва му помагаат на Техеран, Трамп на Трут соушл напиша: „Ако го прават тоа, тоа е на многу ниско ниво, но јас воопшто не верувам дека го прават тоа.“
„Тие имаат премногу за губење, а ние би знаеле за тоа, и тоа многу брзо!“, додаде тој.
Неговите забелешки се надоврзуваат на објавата на Трут соушл од јули, во која рече дека кинескиот претседател Шји Џјинпинг за време на нивната средба во Кина во мај му изјавил дека Пекинг „под никакви околности“ нема да му продава оружје на Иран, вклучително и преку кинески компании, како и дека рускиот претседател Владимир Путин исто така му рекол дека нема да му продава оружје на Иран.
Во тоа време, Трамп предупреди дека доколку тие се вмешаат, „тоа би било многу лошо за нив“.
Во мај, администрацијата на Трамп воведе санкции за неколку кинески компании обвинети за поддршка на мрежата за воени набавки на Иран и за обезбедување сателитски снимки кои наводно му овозможиле на Техеран да ги гаѓа американските сили.
Пекинг ги негира обвинувањата дека кинески субјекти и помагале на иранската армија.
САД и Израел почнаа војна против Иран на 28 февруари, што го поттикна Техеран да одговори со напади со ракети и дронови во регионот и ефективно да ја затвори Ормуската Теснина, клучна рута за глобалното снабдување со енергија.
Меморандумот за разбирање потпишан во јуни меѓу САД и Иран со посредство на Пакистан и Катар е во застој поради несогласувања, вклучително и околу пловидбата во теснецот.
МИА
Ново на Сител
-

Тема на денот со Бојан Маричиќ, претседател на ДИК
-

Нема да ја екстрадираме Ива Михаилова, вели бугарскиот министер за внатрешни работи
-

Претреси на 40 локации низ државата, пронајдени дрога, оружје, пари и мачети
-

Брвеница утре избира градоначалник, денеска гласаат болни, изнемоштени и затвореници
-

Специјална Олимпијада: Историски успех на нашите атлети во Малта
-

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри
-

Јабланица чека да биде прогласена за национален парк
-

Стресот и анксиозноста сѐ поприсутни кај младите, стереотипите ги кочат да побараат помош
