-->
-->
Трамп: Никој не може да зборува во името на САД
-->
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека никој не е овластен во име на САД да разговара со Иран и истовремено го обвини францускиот претседател Емануел макрон дека испраќа „помешани сигнила“ до Техеран по повод можни разговори.
– Знам дека Емануел мисли добро, како и сите други, но никој не зборува во име на САД освен САД, порача Трамп на Твитер.
Американските медиуми посочуваат дека не е сосема јасно на која изјава на Макрон се однесува реакцијата на Трамп, но според одредени медиумски извештаи од неделава, Макрон го повикал иранскиот претседател Хасан Рохани на Самитот на Г7 овој месец за да се сретне со Трамп. Француски дипломат завчера ги демантираше таквите тврдења.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тема на денот со Васко Наумовски
-
Мицкоски го повика Филипче лично да му го претстави планот за лидерска
-
СДСМ бара одговорност за Тошковски
-
Денеска нема исписи на пациенти повредени во пожарот во Кочани – 105 во болниците во земјата и странство
-
Детектор анкета: Стабилна поддршка за ЕУ членство, песимизам за прием
-
Големо парче лим откорнато од зграда во Капиштец виси на дрво и може да падне врз минувачите
-
Граѓаните од муслиманската вероисповед денеска го празнуваат Рамазан Бајрам
-
Апел за обука на угостителите