Трамп: Новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД инаку „нема да трае долго“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска изјави дека новиот ирански лидер мора да добие одобрение од САД или „нема да трае долго“.
- Тој ќе мора да добие наше одобрение. Ако не добие наше одобрение, нема да трае долго. Сакаме да бидеме сигурни дека нема да мора да се враќаме на ова на секои 10 години, кога нема да има претседател како мене кој е подготвен да се справи со тоа. Не сакам луѓето за пет години да мораат да се враќаат и повторно да го прават истото, или уште полошо, да им дозволат да добијат нуклеарно оружје, рече Трамп во изјава за Еј Би Си Њуз.
Иран, претходно денеска, соопшти дека е избран нов врховен лидер на местото на ајатолахот Али Хамнеи кој беше убиен во американско-израелските воздушни напади врз Техеран, но неговото име не беше официјално соопштено.
Иранските претставници истакнаа дека „големиот сатана“ (термин со кој го означуваат САД) веќе го споменал името на избраниот кандидат. Ова се однесува на претходните коментари на американскиот претседател Доналд Трамп, кој изјави дека изборот за нов врховен водач на Моџтаба Хамнеи, синот на убиениот ајатолах, е неприфатлив за Вашингтон.
МИА
Ново на Сител
-

ВМРО-ДПМНЕ: Законот важи за сите
-

СДСМ: Нема пари бидејќи ги крадат
-

СПМ: Институциите да постапуваат без селективност
-

Земјотрес во Грција, почувствуван и во Македонија и Албанија
-

Иран ја предупреди Велика Британија: Вашиот потег ќе влезе во историјата
-

Времен режим на сообраќај во недела во скопски Аеродром поради атлетска трка
-

Цените на нафтата се намалија
-

Мицкоски: Да го негуваме соживотот, да градиме доверба и да вложуваме во заедничка иднина
