Трамп од 20 јануари ќе го нема посебниот третман на Твитер

Американскиот претседател Доналд Трамп ќе го изгуби својот „посебен третман“ на социјалната мрежа Твитер на 20 јануари, кога Џозеф Бајден ќе ја преземе функцијата.
Американската компанија соопшти дека налогот на Доналд Трамп, по истекот на неговиот мандат како претседател на САД, ќе се третира според истите правила како и секој друг налог, бидејќи посебниот третман важи само за актуелните светски лидери.
Твитер бриши се што не е во согласност со нивните правила, а тоа не се однесува на светските лидери. Нивните твитови, во случај на прекршување на правилата на компанијата, не се бришат, туку се скриени и означени како „од јавен интерес“.
– Оваа политика се однесува на актуелните светски лидери и кандидати за функции, но не и за граѓаните, приватните лица, кои престануваат да заземаат некои позиции, рече портпаролот на Твитер.
Твитер викендот обележа голем број твитови на Доналд Трамп со знак за предупредување, кои зборуваат за наводна изборна измама, па дури и претходно во случајот со Трамп, тие мораа често да го користат ова предупредување.
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: На лице место фатен како создава депонија, за секоја ваква постапка нема толеранција
-

„Октоберфест“ почна со инцидент: Посетители виселе со главите надолу поради дефект на реквизит
-

НАТО: Подготвени сме да одговориме на евентуална руска ескалација
-

Литија во Скопје во пресрет на Рождество на Пресвета Богородица
-

Фицо: Некои на Запад сакаат војна меѓу Русија и НАТО
-

Несреќа во Црна Гора, карпа падна врз автобус полн со деца кои се враќале од екскурзија
-

Москва нападната од десетици украински беспилотни летала, најмалку двајца загината и шест повредени
-

Претпладне променливо облачно, попладне дожд - од понеделник пад на температурите
