Свет
21. May 2017 - 14:05

Трамп: Односите меѓу САД и Бахреин ќе бидат унапредени

Односите меѓу САД и Бахреин ќе бидат унапредени, изјави денеска американскиот претседател Доналд Трамп за време на посетата на Саудиска Арабија. 

- Нашите земји имаат одличен однос, имаше застои, но нема да ги има со оваа администрација, нагласи Трамп. 

- Ќе имаме многу долгорочни врски и среќен сум поради тоа, заклучи американскиот претседател.