Трамп: Ова е историски ден во борбата против коронавирусот

Американскиот претседател Доналд Трамп соопшти дека ФДА итно ја одобрила употребата на крвна плазма на излекувани пациенти со Ковид-19 во третманите со заразените со коронавирус.
На вонредна прес-конференција, Трамп ова го нарече „историска пресвртница во борбата против коронавирусот“.
-Ова е навистина историски ден. Станува збор за моќна терапија која овозможува трансфузија на многу силни антитела од крвта на оздравени пациенти за да им помогнат на пациентите кои се борат со инфекцијата. Резултатите покажуваат дека овој третман е исклучително успешен, рече Трамп и ги повика луѓето кои се излекувале од Ковид-19 да даруваат крвна плазма.
Третманот вклучува пренесување на антитела од оздравен пациент врз пациент заразен со Ковид-19.
Белата куќа претодно соопшти дека претседателот Доналд Трамп ќе објави „голем пробив во третманот на коронавирусот“, пандемија од која во САД веќе умреа повеќе од 176.000 луѓе, а заразени се речиси 5,7 милиони лица – повеќе од било која друга земја во светот, наведува „Гласот на Америка“.
Ден претходно Трамп, без никакви докази, ја обвини „длабоката држава“, односно „луѓето во сенка“ во американската Агенција за храна и лекови дека „им отежнуваат на фармацевтските компании да најдат луѓе за тестирање на вакцините и третманите“. Трамп на Твитер дури тврдеше дека официјалните претставници на ФДА „очигледно се обидуваат да го одложат наоѓањето одговор на вирусот до после изборите, на 3 ноември“.
Ново на Сител
-

Мицкоски: Имам лоша вест за сите што шпекулираа – Давид Гета и сите настани за 8-ми Септември ги чинеа граѓаните 0 денари
-

Вучиќ распиша вонредни парламентарни избори на 25 октомври
-

„Безбеден град“ од сабота ќе се применува и во Велес
-

Угостителските услуги во август на годишно ниво поскапи за 3.7 %
-

За викендот се најавува дожд и пад на температурата
-

Уапсен тетовец, чистејќи го својот имот запалил оган и предизвикал пожар
-

Стрелките се враќаат еден час назад: Еве кога започнува зимското сметање на времето
-

35 врвови за 35 години независност: Благица Владимировска и Ема Лазареска ја изодеа Шар Планина за четири дена
