Трамп побарал воени авиони и противракетна заштита на неговите митинзи
Предизборниот штаб на републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп испратил неколку писма до Тајната служба во кои се наведуваат предлози за негова воена заштита кои се без преседан во историјата на САД, објави „Вашингтон пост“.
Штабот предложил дополнителна заштита на личниот авион на Трамп со придружба на воени ловци. Потоа, се бара забрана за летови над резиденциите на Трамп и над местата каде се одржуваат митинзите, како и тоа да се обезбеди непробојно стакло за заштита на подиумот на митинзите во седум клучни држави, и да се дадат на служба оклопни возила за транспорт на кандидатот.
– Овие безбедносни мерки за еден претседателски кандидат се без преседан во историјата на САД и се засноваат на информации добиени од разузнавачите на САД, кои за тоа го брифирале штабот на Трамп, за можни обиди за атентат врз него од страна на Иран, и тоа со употреба на беспилотни летала или ракети, истакнува „Вашингтон пост“.
Во своите говори Трамп жестоко го напаѓа Иран и бара „срамнување со земја“ на неговите воени и нуклеарни постројки поради иранската помош за Хезболах и Хамас, кои цела година го напаѓаат Израел. Во одговор на тоа Израел води воена кампања за нивно уништување, додeка Трамп се позиционира како голем пријател и поддржувач на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Тој со него телефонски разговараше веќе неколкупати.
Ново на Сител
-
Пронајдена уште една жртва од поплавите во БиХ, бројот на загинати се искачи на 24
-
Четири возила опожарени во Чаир
-
Синер и Ѓоковиќ во финалето на мастерсот во Шангај
-
Трамп побарал воени авиони и противракетна заштита на неговите митинзи
-
Во Охрид почина Алекс Салмонд, поранешниот прв министер на Шкотска
-
Судењето за убиството на Вања и Панче продолжува во понеделник
-
Унгарското претседателство: Одобрени агендите на земјите од Западен Балкан вредни 6 милјиарди евра
-
Отворена нова канцеларија на управните служби на МВР во Сарај