-->
-->
Трамп: Преговорите со талибанците се мртви
-->

Претседателот Доналд Трамп изјави денеска дека разговорите на САД со талибанците во Авганистан се „мртви“. На прашањето за разговорите, Трамп одговори: „Тие се мртви. Што се однесува до мене, тие се мртви“. Американскиот претставник Залмај Халилзад преговараше со политичкото крило на талибанците во Доха речиси една година. Се чинеше дека тоа ќе биде непосреден договор за крај на најдолгата американска војна, но ситуацијата се промени во последен момент, јавуваат американски медиуми. Трамп на својот профил на Твитер во саботата напиша дека ја откажал својата планирана средба со талибанците и авганистанските лидери во „Кемп Дејвид“.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Горивата со нов скок - дизелот поскап за 6, бензините за 3 ден/л
-

Во КПУ Идризово пронајден починат 60-годишен затвореник
-

Кавадарчанец со 2,97 промили алкохол во крвта бил агресивен кон сопругата и малолетната ќерка
-

Артан Груби не се чувствува виновен за случајот со „Државна лотарија“
-

19-годишна девојка загина кај Свети Николе откако со возилото излета од патот
-

Дизелот повторно над 100 денари од полноќ, поскапуваат и бензините
-

Македонскиот фолклор триумфираше во Бразил: „Студио Фолклор“ прво кај публиката, трето кај жирито
-

Уапсена жена од Скопје, предизвикала пожар во Центар
