Трамп: Проблемот во Франција не се училиштата, туку исламот кој сака да ја преземе власта

Ситуацијата во Франција не е поврзана со проблемите во школството, туку со исламот кој сака да ја преземе власта во таа земја, изјави денеска претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп.
Тој во објава на својата социјална мрежа Трут Соушл наведе дека таквата ситуација е последица, како што тврди, на „неконтролираната масовна миграција“.
„Ова што се случува во Франција не е ништо помалку од неконтролирана масовна миграција. Ова не е прашање на училиштата, ова е прашање на исламот кој сака да ја преземе некогаш големата земја“, напиша Трамп.
Масовните протести и блокади на учениците и студентите ширум Франција, предизвикани, како што наведуваат демонстрантите, од лошите услови во образованието и недостигот на професори, прераснаа во судири со полицијата, илјадници апсења и заемни обвинувања меѓу политичките партии.
МИА
Ново на Сител
-

Повредените од „Пулс“ во следна фаза на лекување
-

Три пропаднати огласи, четврти обид за избор во Судскиот совет
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Тони Менкиноски, адвокат
-

САД обезбеди дизел од Русија, во Европа ќе има недостиг до 2027
-

Бугарското МВР ја добило меѓународната потерница за Михаилова, не презеле ништо за нејзино лоцирање
-

Партиите си ја префрлаат вината – Кој го дозволи бегството на Ива Михаилова
-

Груби „победнички“ излезе од куќен притвор
