Трамп: Ракетите „Патриот“ за Украина се веќе на пат

Веќе се испраќаат, рече Трамп одговарајќи на новинарско прашање во воената база Џојнт Бејс Ендрјус во Мериленд. - Тие се испорачуваат од Германија, а потоа Германија ги надоместува резервите. Во сите случаи, САД се целосно обештетени, додаде тој.
Изјавата доаѓа во период на засилени руски напади врз украинските градови, поради што Киев бара дополнителни системи за воздушна одбрана, особено од САД. Портпарол на германската влада во понеделникот соопшти дека европските сојузници разговараат за испорака на повеќе од три системи „Патриот“ за Украина.
Трамп појасни дека овие испораки се дел од нов аранжман според кој членките на НАТО и ЕУ купуваат американско оружје, дел го испраќаат во Украина, а потоа ги обновуваат залихите со поддршка од Вашингтон. – Секогаш си ги добиваме парите назад, целосно. Во некои случаи, земјите-членки на ЕУ директно ни го враќаат износот, нагласи Трамп.
Новите пратки оружје пристигнуваат само два дена откако Трамп ѝ постави ултиматум на Москва, предупредувајќи дека САД ќе воведат „строги“ царини ако Русија не се согласи на мировен договор во рок од 50 дена.
Кремљ претходно ги нарече предложените царини „сериозни“, со оценка дека Москва ќе има потреба од време за да ја анализира пораката од Вашингтон.
Американскиот претседател исто така изјави дека не разговарал со рускиот претседател Владимир Путин откако САД на 14 јули воведоа нови санкции против Русија.
Ново на Сител
-

Утре во 11 часот собраниска седница за заемот од 260 милиони евра
-

Тема на денот со Александар Николоски, министер за транспорт и вицепремиер
-

Односите меѓу Кина и Русија во нова фаза на побрз развој; Путин: Нашето партнерство е за пример
-

Устен демарш за амбасадорот на Албанија во Македонија
-

ЕУ одобри 65,7 милиони евра од планот за раст на Македонија
-

Уставни измени и реформи за забрзување на патот кон ЕУ
-

ОЈО ГОКК води предистрага за можна шпионажа во кабинетот на Претседателката Сиљановска Давкова
-

Кругови со оган, факели, прскалки и пиротехника низ годините се користеле во „Пулс“
