-->
-->
Трамп: САД треба да се повлечат од војната во Украина
-->
Републиканскиот претседателски кандидат Доналд Трамп изјави синоќа дека САД треба да се повлечат од војната во Украина и дека демократската потпретседателка Камала Харис и претседателот Џо Бајден немаат намера да го сторат тоа.
-Бајден и Камала не воведоа во војната во Украина и сега не можат да не извлечат. Не можат да не извлечат, рече Трамп во својот говор во државата Џорџија.
САД немаат војска во Украина, но обезбедија воена и хуманитарна помош вредна милијарди долари. -Мислам дека сме заглавени во таа војна, освен ако не станам претседател. Ќе ја прекинам.
Ќе преговарам и ќе излеземе. Мораме да излеземе. Бајден вели ’не заминуваме додека не победиме’. Што ќе се случи ако победат, рече Трамп.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Тензична собраниска седница за надзор на работата врз АНБ
-
Мицкоски: ДУИ е фактор на дестабилизација, за тоа е загрижена и меѓународната заедница
-
Суспендираниот Хајрулахи се жали на притисоци од државниот јавен обвинител
-
Регионална конференција за е-трговија
-
Левица бара Собранието да расправа за депонијата во Кочани
-
Преглед на вестите од светот
-
Алтернативи за прочистување на воздухот: Подготвена ли е Македонија да ги следи светските трендови?
-
Тема на денот со Имер Селмани