Трамп: САД трошат огромни пари за одбрана на Европа од Русија, а тие не сакаа да ни помогнат во војната со Иран

Претседателот на САД, Доналд Трамп пред денешната посета на генералниот секретар на НАТО на Вашингтон, повторно ги обвини европските земји-членки на Алијансата дека не им помогнале на САД во војната со Иран.
– Ние бевме одлична членка на НАТО, во многу погледи единствена вистинска членка, секако доминантна членка. Плативме трилиони долари, не милијарди, туку трилиони долари изминатите години, за да ја заштитиме Европа. Кога сакавме да знаеме нешто – а мене навистина не ми требаше никаква помош, повеќе ме интересираше од љубопитност – му реков на Пит (Хегсет): Ајде да видиме дали навистина ќе се појават. И затоа ги замоливме да дојдат, а тие не беа таму за нас. Глупаво е што не беа, наведе Трамп.
Тој го обвини досегашниот британски премиер Кир Стармер, кој вчера поднесе оставка, за целосна пасивност и избегнување на сојузничките обврски.
Според Трамп, Страмер одбил да и помогне и изјавил оти Велика Британија ќе се вклучи откако САД ќе победат во војната со Иран.
Трамп, покрај Велика Британија, како лоши партнери ги оцени и Италија и Германија.
– Италија беше многу лоша, а и другите земји, ох, Германија беше многу лоша. Значи, ги потрошивме сите овие пари, мислам дека трошиме околу 600 милијарди годишно, нели? Би рекол толку. Средствата што ги трошиме за НАТО се апсолутно луди, а тие не беа таму за нас. Затоа му велам на Пит и на сите други – ако ги трошиме сите овие пари, стотици милиони долари, за да ги заштитиме, главно од Русија … Слушајте, ги трошиме сите овие пари, а потоа кога можеби сакаме помош со некои мали работи – а ова се мали работи, ова не е толку голема, тие велат: Не, подобро би било да не помогнеме. Тоа е глупаво да се каже, бидејќи можеме да им го кажеме истото, ако сакаме, посочи Трамп.
МИА
Ново на Сител
-

Ѓорѓиевски: Депонијата Вардариште ќе прерасне во мега-парк - нови бели дробови на Скопје | ВИДЕО
-

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци утре на скопската територија
-

Македонија и Албанија ќе потпишат договор за воспоставување заеднички гранични премини
-

Со „Безбеден град” бројот на загинати во сообраќајот намален за 40 проценти
-

Месечниот број на издадени електронски услуги зголемен за 892 отсто
-

Следува нов топлотен бран, температури до 39 степени, од среда можно освежување
-

Политика: Цените во Србија се пониски од европскиот просек
-

Швајцарските глечери се топат со алармантна брзина поради топлотниот бран
