Трамп: Се надевам на крај на војната со Иран

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа изјави дека се надева на крај на војната против Иран, додека „Аксиос“ објави дека треба да се сретне со лидерите на земјите од Персискиот Залив во вторник на маргините на Генералното собрание на ОН. Неговите изјави доаѓаат во време кога војната со Иран влезе во седмиот месец, а нејзиниот крај се уште не е на повидок.
„Аксиос“ објави синоќа дека се очекува состанокот на Трамп со лидерите на Персискиот Залив следната недела во Њујорк да се фокусира на плановите на САД за повоена стратегија. Медиумот се повикува на неименувани извори.
Во извештајот се додава дека Трамп ќе се сретне со лидерите или министрите за надворешни работи на земјите-членки на Арапскиот совет за соработка на Персискиот Залив (GCC) – Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Катар, Бахреин, Кувајт и Оман.
Стејт департментот и Белата куќа не одговорија на барањата за коментар.
Порастот на цените на нафтата и гасот поради војната на САД и Израел против Иран стана важно прашање за Републиканската партија на Трамп пред изборите за Конгресот во ноември.
МИА
Ново на Сител
-

Волц: Нуклеарната закана од Иран ќе биде главна тема на обраќањето на Трамп пред Генералното собрание на ОН
-

Русија со дрон уби свештеник и рани неколку други во напад врз украински манастир
-

Безживотно тело најдено на Шар Планина
-

Полицијата приведе 19 возачи: 10 возеле пијани, осуммина без положен возачки испит
-

Димитриевски од Велес: Не влеговме во Владата за фотелји, туку за да испорачаме
-

17-годишна девојка загина во сообраќајка на патот Битола-Прилеп
-

Уапсен 31-годишен Мексиканец, пијан нападнал полицаец со тврд предмет во Ѓорче Петров
-

ССМ: Синдикалната минимална кошница за септември 69 432 денари
