-->
-->
Трамп се заканува со строги санкции кон Ирак
-->
– Американскиот претседател Доналд Трамп му се закани на Ирак со сериозни санкции во случај американските трупи да мора да ја напуштат земјата.
– Ако тие бараат од нас да заминеме, ако не го сториме тоа на многу пријателска основа, ќе им наметнеме санкции какви никогаш досега не виделе, изјави Трамп, откако ирачкиот Парламент побара протерување на американските трупи.
Тој додаде дека санкциите наметнати на Иран ќе дејствуваат слабо во однос на санкциите што би биле наметнати од страна на САД за Ирак.
Ирачкиот Парламент вчера одлучи да ги протера силите на меѓународната коалиција од земјата поради американскиот напад врз аеродромот во Багдад во кој загина иранскиот генерал Касим Сулејмани.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Животот како пред еден век
-
Мирен изборен ден
-
Ковачевски на митинг испрати пораки до Ахмети
-
27 Април да не се повтори
-
ВМРО-ДПМНЕ промовира проекти
-
Претседателски избори
-
Министерот Тошковски пречекан со „ Бисер Балкански“ од новите полициски службеници
-
Хоспитализирани четири деца со голема кашлица - на „Школка“ одбележана европска недела на имунизација