Трамп: Смешна е одлуката за укинување на смртната казна за напаѓачот на Бостонскиот маратон
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е смешна одлуката на федералниот Апелациски суд за укинување на смртната казна на Џохар Царнајев.
– Во Бостон, каде тоа животно уби толку многу луѓе на Бостонскиот маратон. Смртната казна тие ја вратија назад на понизок суд, така што ќе спорат за тоа уште долго. Тоа е смешно, изјави Трамп за Си-би-ес.
Судот синоќа ја укина смртната казна за Џохар Царнајев, осуден за бомбашкиот напад на Бостонскиот маратон во 2013 година. То ј во 2015 година беше осуден од порота на бостонски суд. Во 2018 година неговите адвокати побараа од Апелација да се укине смртната казна.
Црнајев е осуден по 30 обвиненија, вклучително и заговор и употреба на оружје за масовно уништување. Тој казната ја издржува во затвор со максимална безбедност во Колорадо.
Неговиот брат Тамерлан Царнајев е убиен во престрелка со полиција неколку дена откако двајцата браќа детонираа две бомби во близина на целта на Бостонскиот маратон. Во нападот извршен на 15 април 2013 година загинаа три лица, а повредени беа повеќе од 260 луѓе.
Ново на Сител
-
ЈОРСМ: Дадена наредба за обдукција на починатиот притвореник од Затвор Куманово
-
Адвокат почина во Граѓанскиот суд во Скопје
-
Повторно одложен судскиот процес за Пендиков
-
Тошковски во посета на оперативниот тим „Кафез“ и Регионалниот центар за гранични работи Север
-
Османи во Стразбур, на сесијата на Комитетот на Министри на Совет на Европа
-
На Фицо ќе му биде извршена уште една операција
-
Утре стабилизирање на времето, а од сабота повторно дожд и грмежи
-
Кривична пријава за три лица, лажно нуделе градежен материјал во Охрид и Струга