Трамп соопшти дека ќе го прифати евентуалниот изборен пораз
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека при евентуален неуспех на изборите ќе го признае поразот.
-Се разбира, доколку не победам, значи не сум победил. Е, тогаш ќе продолжам натаму и ќе се зафатам со други работи, изјави претседателот во интервју за телевизијта Фокс Њуз.
Тој беше замолен да даде коментар на изјавата на поранешниот потпретседател Џо Бајден, кој е и негов ривал во претседателската трка, дека при пораз на актуелниот шеф на државата војската ќе треба да го изнесе од Белата куќа без да дочека процесот на пренесување на власта на новата администрација.
-Но Џо уште не е таму (во Белата куќа), сите тоа го знаат, реагираше Трамп.
Тој го прекори Бајден дека е страшливец и дека „се крие во подрумот, каде и да е, и не си заминува оттаму“. Според Трамп, „за земјата ќе биде многу тажно доколку поранешниот потпретседател биде избран за шеф на државата’.
Ново на Сител
-

Стопанската комора даде поддршка на Усје - од компанијата велат нема основ за нивна дислокација
-

Преглед на вестите од светот
-

Законот за прекршоци пред пратениците
-

Вработените во Пошта протестираат оти им доцни платата, директорот вели денеска ќе биде исплатена
-

Обоистката на МОБ Петрушевска обвинува дека е незаконски суспендирана
-

Преку промоција на културата до повеќе посетители
-

Кадровско засилување на кочанската општа болница
-

Преглед на вестите од светот
