Трамп уапсен па ослободен со кауција 200.000 долари
Поранешниот американски претседател Доналд Трамп беше накратко уапсен во затвор во Атланта поради лобирање за изборите во 2020 година во американската држава Џорџија, но набрзо беше ослободен со кауција. Доналд Трамп пристигна во затворот во Атланта за да се предаде како дел од широкиот криминален случај што произлегува од обидот на поранешниот американски претседател да го поништи неговиот изборен пораз во 2020 година во Џорџија, пренесуваат локалните медиуми.
Според написите, колоната автомобили приврзаници на Трамп пристигна во затворот околу 30 минути откако неговиот приватен авион слета на аеродромот Хартсфилд-Џексон во Атланта.
Посетата на поранешниот претседател и републикански фаворит за трката на претседателските избори во 2024 година низ затворот во округот Фултон, сепак, беше кратка. Како и десет од единаесетте обвинети во овој случај кои веќе се предале, Доналд Трамп е ослободен со кауција од 200.000 долари, пренесуваат медиумите.
Бизнисменот и политичар ќе се придружи на листата на гангстерот Ал Капоне, пејачот Френк Синатра и други профили на Американци кои се фотографирале во затвор.
„Сакаме да го ставиме на маица. Ќе се гледа ширум светот. Сликата ќе биде попопуларна слика од Мона Лиза“, рече Лаура Лумер (30), републиканска поранешна кандидатка за Конгресот, која беше заедно со другите поддржувачи на Трамп надвор од затворот.
Пред него, неколку од неговите 18 сообвинети престојуваа во оваа преполна и озлогласено нехигиенска установа, која последните денови ја следеа медиумите ширум светот. Сите беа обвинети на 14 август за незаконски обид за поништување на резултатите од изборите во 2020 година, на кои победи актуелниот демократ Џо Бајден во клучната држава.
По кратка процедура во затворот во Фултон, Трамп набрзо се врати во својот голф клуб во Њу Џерси.
Ново на Сител
-
Седница на собранието
-
СДСМ: Владата да најде лекови за Онкологија
-
ДУИ: Граѓаните плаќаат за министрите на Вреди да се шетаат
-
ВМРО-ДПМНЕ: СДСМ да се извини за Груби
-
ДКСК на второ место согласно Извештајот за транспарентноста на државните институции за 2024
-
Прилепското обвинителство чека извештај од полицијата за повредениот ученик
-
Тошковски: Се собираат дополнителни докази за бегството на Артан Груби
-
Фон дер Лајен: Во геополитички променет свет ЕУ мора да промени некои работи за да ги одбрани своите вредности