Трамп: Украина може да „не ја преживее“ војната дури и со наша помош
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои можност Украина „да не ја преживее“ војната против Русија дури и ако САД продолжат да му даваат помош на Киев. Во интервју за Фокс њуз, тој рече дека САД имаат „одредени слабости“ кога станува збор за Русија.
-Потребни се двајца за тоа. Гледате, тоа (војната) не требаше да се случи. И, сега сме заглавени во овој хаос, рече Трамп.
Тој додаде дека украинскиот претседател Володимир Зеленски земал пари од САД во времето на Џозеф Бајден „како бонбони од бебе“ и дека тој, со промена на политиката – ги зел тие бонбони. Трамп додаде дека Зеленски бил „неблагодарен“ за време на разговорот во Белата куќа во февруари, што заврши со размена на остри зборови.
Запрашан да ги коментира критичарите кои тврдат дека тој го намалува политичкиот притисок врз Русија, американскиот претседател рече дека „никој не бил построг кон Русија од Доналд Трамп“. Трамп наведе дека САД „речиси“ ставиле крај на паузата во размената на разузнавачки информации со Украина и очекува добри резултати од претстојните разговори со украинските претставници во Саудиска Арабија.
Ново на Сител
-
Посебен режим на сообраќај во Скопје
-
САД од утре со 104 отсто царини на увозот од Кина
-
Ја продолжувам работата на Цепенков и Мисирков | Томче Јосимовски | ПРОфесија | Sitel Podcast 089
-
Бројот на жртви по уривањето на покрив во ноќен клуб во Доминиканската Република се искачи на 27
-
Грир: Царините утре стапуваат во сила, паралелно со преговори со некои земји
-
Трамп најави можен договор со Јужна Кореја и чека Кина да се јави
-
Пад на руските приходи од нафта и гас
-
Американските берзи го отворија денот со раст