Тренчевска: До крајот на месецот очекувам конкретни предлози за пензиите
Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска до крајот на месецот очекува конкретни предлози во однос на пензиите, со фокус на пензионерите со ниски месечни примања.
Таа денеска одговарајќи на новинарско прашање по посетата на Црвен крст Пробиштип, истакна дека работната група континуирано се состанува и оти во моментот се разгледуваат сите можности за ова прашање, нагласувајќи дека за утре е закажан состанок.
-Работната група функционира во континуитет, се состануваат одржуваат средби на кои се разговара за првичните мерки кои како Влада треба да ги обезбедиме за пензионерите, со посебен фокус на пензионерите со пониски пензии. Во текот на утрешниот ден повторно е закажана средба на работната група. Сега сите институции, односно претставниците на институциите дебатираат за она што е реална состојба во државата, во работната група се споделуваат податоците за да можеме да пристапиме кон креирање социјални мерки за пензионерите со ниски пензии. Очекувам до крајот на месецот да имаме конкретни предлози, кои ќе бидат преставени и пред медумите и пред пензионерите, рече Тренчевска.
За 20 септември е најавен голем протест на пензионерите.
Одлуката за формирање на работната група беше донесена минатиот месец по состанокот на Тренчевска со Сојузот на здруженија на пензионери на Македонија, кој следуваше по протестот на пензионери во Скопје, на кои тие ги изнесоа своите барања, меѓу кои, линеарно зголемување од 3500 денари на сите пензии, како и продолжување на усогласување на износот согласно новата методологија воспоставена минатата година, како и одредување на минималната пензија во износ 80 отсто од минималната плата.
Целта на формирањето на работната е да предложи решенија кои ќе бидат одржливи во однос на утврдување на износот на минимална пензија, но и за други видови пакети мерки за помош и поддршка на пензионерите. Работната група е составена од претставници на МТСП, од Владата и Сојузот на пензионери и од Фондот на пензиското и инвалидското осигурување.
Ново на Сител
-
Околу 18.000 Сиријци се вратија дома по падот на Асад
-
Сиљановска Давкова: Треба да ги тераме ЕУ реформите, Европајнин се станува со почитување на правото
-
Тошковски: Прашањето не е дали, туку кога Груби ќе се најде пред лицето на правдата во нашата држава
-
Димитровска: Нема судир на интереси во случајот со членот на ДКСК и директорот на АНБ
-
АМСМ: Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на патниот правец Тетово – Попова Шапка
-
Скопјанка измамена за 45.000 денари - ја излажале дека ќерка ѝ предизвикала сообраќајка
-
Пронајдена уште една црна кутија на местото на авионската несреќа во Казахстан
-
Бегајќи од полицијата, предизвикал две сообраќајки - лишен од слобода млад скопјанец