Тренчевска: Наскоро ќе има конкретни предлози од работната група за барањата на пензионерите

Очекуваме наскоро да има конкретни предлози од работната група и тие ќе бидат проследени до владата, изјави министерката за труд и социјална политика Јована Тренчевска за време на денешниот престој во Битола, а во врска со барањето на пензионерите за повисоки пензии.
Работната група формирана од Vладата редовно заседава, рече Тренчевска, се разговара за сите предлози од Сојузот на пензионери, граѓани пензионери членови на иницијативниот одбор што протестира и Партијаta на пензионерите кои доставија барања до Министерството за труд и социјална политика.
-Сите барања се разгледуваат едно по едно, а кога има потреба повикуваме претставници од Министерство за здравство и од Фондот за здравство затоа што дел од барањата се поврзани со олеснување во делот на здравствената заштита на пензионерите. Очекуваме наскоро да има конкретни предлози од работната група и тие ќе бидат проследени до владата. Во овој момент има голем број на барања кои не се само од аспект на зголемување на пензиите, туку и во делот на здравството и други услуги кои ги сакаат пензионерите. Пензионерите за се навреме ќе бидат информирани, изјави Тренчевска.
На новинарско прашање во врска со барањето на битолското Здружение на пензионери за реконструкција и ставање во функција на сега веќе руинираниот хотел „Битола“, министерката за труд и социјална политика одговори дека барањето од Здружението на пензионери од Битола е доставено до владата и до Министерството за труд и социјална политика.
-Ние како Министерство неможеме да донесеме одлука и тоа треба да се направи во консултација со Фондот за пензиско и инвалидско осигурување кој стопанисува со објектот, а потоа заеднички ќе испратиме информација до владата која ќе донесе одлука, потврди министерката Тренчевска.
Ново на Сител
-

Земјоделците (не)задоволни од новите построги правила за субвенции
-

Тема на денот со Младен Чадиковски, претседател на ЗНМ
-

Владата избра 9 нови амбасадори
-

Советот на јавни обвинители даде позитивно мислење за четворица кандидати за државен јавен обвинител
-

Вонреден инспекциски надзор во Правда, бараа објаснување за полагање на правосудниот испит
-

Уставен пред комплетирање - се чека изборот на нови судии за одлука за Законот за јазици
-

Протест на ССМ пред Владата
-

СДСМ обвинува дека Мицкоски го користел владиниот авион приватно, Владата демантира
