Македонија
16. October 2023 - 15:39

Тренчевска: Поддршката на лицата со попреченост се гледа во реализирање активности кои го унапредуваат нивниот квалитет на живот

Министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска денеска се сретна со Сабина Грубенсон, генерален секретар на „Лоза“ Фондацијата и Пер Рилов, претседател на управниот одбор на фондацијата „Лоза“.

На средбата, како што соопшти Министерството за труд и социјална политика (МТСП), се разговараше за идни проекти кои можат да се реализираат во соработка со Фондацијата.

На министерката и беше презентиран план за донација од фондацијата „Лоза“ од три сензорни соби, наменети за потребите на корисниците кои се сместени во Специјалниот завод Демир Капија.

Министерката на крајот од средбата се заблагодари за поддршката, разменетите идеи и искуства. Таа истакна дека секој преземен чекор е во насока на подобрување на условите за живот на лицата со попреченост. Тренчевска посочи дека деинституционализацијата продолжува да биде приоритет во нејзината работа.