-->
-->
Трет член на боливиската Влада е позитивен на Ковид-19
-->

Боливиската министерка за здравство Еди Рока е позитивен на коронавирусот со што стана третиот член на Кабинетот кој е заразен со Ковид-19 во последните четири дена, соопшти денеска Владата на таа земја.
Во соопштението се наведува дека нејзината состојба е стабилна и оти се придржува кон протоколите што вклучуваат изолација, медицински третман и нега, јави Би-Би-Си.
– Борбата против вирусот неуморно продолжува и сакам министерката да закрепне што е можно побрзо и повторно да се врати во борбата за здравјето на Боливијците, напиша на Твитер вршителот на должност претседателка на Боливија, Жанин Ањез.
Во Боливија од почетокот на епидемијата заразени се околу 38.000 луѓе.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Скопје одбројува до Новата година
-

Прилеп се подготвува за новогодишниот дочек
-

Новогодишна атмосфера во Струмица
-

Специјален новогодишен Дневник на Сител
-

Екс директорот на затворот во Шутка осуден на осум месеци затвор
-

Негуватели на стари лица оставени без хонорар за Нова година
-

Скопје се подготвува за дочекот на Новата година
-

Пораки од државниот врв
