Трет циклус саеми за вработување
Трет циклус саеми за вработување што го организира Агенцијата за вработување почнува од денеска и ќе трае до 15-ти следниот месец. Во овој циклус ќе бидат опфатени шест градови, а стартува и завршува во Скопје, следуваат Штип на 26 мај, Кавадарци 30 мај, Битола 6 јуни, Тетово 8 јуни и Струмица на 13 јуни.

На отворањето на саемот најавено е обраќање на министерот за труд и социјална политика Ибрахим Ибрахими и на директорот на Агенцијата за вработување Влатко Поповски.
Според Поповски, преку директен контакт со работодавачот лицето кое бара вработување може да види што се бара, колку се бара, колку е тоа платено, односно што нудат работодавачите и какви се работните места.
Ги повика младите да ги посетат саемите и да видат што се бара за кога ќе се запишуваат во средно училиште или на факултет да изберат образование со кое во иднина ќе имаат можност за вработување кај некоја од компаниите.
На претходните два циклуса со по осум саеми за вработување над 79.000 посетители оставиле 21.190 биографии пред учествувале 734 работодавачи. Тие контакти резултирале со најмалку 2.500 вработувања.
Според него со саемите се сака да се направи промоција на работните места кои имаат иднина во смисла на брзо вработување по завршување на образованието.
Ново на Сител
-

Капитол Мол донираше детски парк со реквизити на 1000 метри квадратни
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Димитар Ковачевски, пратеник и поранешен премиер
-

13-годишникот кој прободе врсник во срцето нема да одговара кривично
-

Демографската криза отвори нов политички судар
-

Јаневска: Часовите нема да се скратат, училиштата да постапуваат согласно протоколите за топло време
-

Прва седница по летната пауза на пратениците
-

Тргна градскиот воз Скопје - Зелениково, премиерот и градоначалникот први купија билети
