-->
-->
Трет пожар за една недела на подрачјето во Македонска Каменица
-->
Доцна синоќа е локализиран пожарот кој вчера попладне избувна кај каменичкото село Дулица. Како што соопшти командирот на ТППЕ од М.Каменица, Малин Трајчевски, причината за пожарот е човечки фактор.
-До доцна во ноќта наша екипа синоќа учествуваше во гаснење на пожар во село Дулица. Во гаснењето учествуваа двајца пожарникари со едно возило. Помош имавме од локалното население и екипа на шумско стопанство. Пожарот настанал од човечки фактор, т.е невнимание, соопшти Трајчевски.
Додаде дека штетата во пожарот дополнително ќе се утврдува.
За период од седум дена ова е трет пожар кој се случува на територијата на Македонска Каменица. Претходно пожар се гаснеше во село Саса и кај месноста Каменарски рид
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Тема на денот со Александар Трајановски, потпретседател на СДСМ
-

СДСМ го одржува 32. Конгрес
-

ВМРО-ДПМНЕ: ЕУ не фали - Филипче бара уставни измени
-

ЕФА ја изгласа резолуцијата на МАЕИ со која се бара албанските власти да ги спроведат правата на македонски јазик
-

Охридскиот аеродром се отовора кон Полска
-

Со едно скенирање до проверка на лиценца: Државата воведува нов дигитален систем
-

Мерџановски - пациенти да не користат недокажан медицински туризам
-

Штип со реконструкција на постојните и два нови моста
