Третата ОФФест вечер со естонска традиционална музика и корејски звуци

Естонска фолклорна музика и традиционални корејски звуци ќе ја одбележат третата вечер на ОФФест. Публиката ќе ужива во интерпретацијата на Марја Нут, виолинистка и пејачка од северна Естонија, како и во настапот на авангардните „Блек Стринг“. Концертите се во Дансинг салата на Младинскиот културен центар од 20.30 и од 22.30 часот.
Полноќниот термин, од 00:30, е резервиран за данското ди-џеј дуо „Ден Сорте Сколе“ во Станица 26.
Често споредувана со Филип Глас и Арво Перт, Марја Нут денес ја претставува естонската фолклорна музика. Комбинира традиционални песни и танци со електроника, создавајќи амбиент во кој класичниот минимализам и експерименталната музика се среќаваат со руралните музички традиции од предвоена Европа. Нут ќе настапи со естонскиот композитор на електронска музика Хендрик Каљујарв.
Во МКЦ ќе прозвучат и инструментот геомунго, корејските бамбусови флејти, традиционалните перкусии и непредвидливата џез-гитара на врвните импровизатори „Блек Стринг“. Составот е формиран во 2011 година, а го води Јон Џеонг Хо.
За „Ден Сорте Сколе“ не постојат жанрови, ниту граници. Раскажуваат музички приказни низ времето и просторот, со грамофони, семплери и направи за ефекти, возејќи ги слушателите преку традиционалните марокански песни, племенски химни и звуци на камерунските Пигмеи, до реге од Хималаите, француски т.н. индустриски звук и германска електронска музика.
ОФФест завршува утревечер со концерти на Кинг Ајисоба од Гана и Нура Минт Сејмали, водечки уметник од Мавританија. Претходно, од 19 часот во кино Фросина ќе биде прикажан документарниот филм „Секоја песна има свој крај“, посветен на културолошкото богатство на традиционалната музика од Мали.
Годинашното 16. издание на ОФФест почна во четвртокот со извонредниот Дамир Имамовиќ од Босна, најпознатиот изведувач на севдах, по кој „Љубојна“ го промовираше новиот, деветти албум, додека вчера настапија „Бела Чао“ и Жизела Жоао од Португалија. Концертите беа во Македонскиот народен театар.
Ново на Сител
-

Прва пресуда за „Пулс“: Тројца полицајци добија условни казни затвор
-

10 месеци затвор за вработената во Земјоделие која призна вина за злоупотреби со ИПАРД
-

Кривични пријави за родителите на насилничките од Ѓорче Петров - уште еден инцидент меѓу малолетници во градскиот парк
-

Притвор и кривична за обезбедувачот на премиерот Мицкоски кој физички ја нападна сопругата
-

Град Скопје бара да се пломбира фирмата во Визбегово каде вчера се запали машината за железо
-

Филипче: Како Бугарија ни го загрозува идентитетот?
-

Одбележан 5 мај – Ден на македонскиот јазик
-

Филипче и Мицкоски различно гледаат на економската состојба во државата
