Македонија
30. July 2018 - 15:29

Трето авионско прскање против комарци во Куманово

Секторот за информирање и односи со јавност од Куманово, денеска информираше дека задутре, први август ќе се изврши трето авионско прскање против комарци на подрачјето на општина Куманово.

Од општината апелираат до пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите.

Во случај да не се изврши авионско прскање поради неповолни временски услови, дезинскецијата ќе се одложи за наредниот ден, за што кумановци дополнително ќе бидат информирани.

Авионската дезинсекција во Куманово во текот на летната сезона се спроведува во три наврати. Првата беше реализирана во средината на јуни, втората во средината на јули.