Три години по нападот на Хамас Мерц уште еднаш ја потврди поддршката на Германија за Израел

Германскиот канцелар Фридрих Мерц денеска уште еднаш ја ја потврди поддршката на Германија за Израел, на третата годишнина од нападот на палестинското исламистичко движење Хамас врз Израел на 7 октомври 2023 година, објави ДПА.
„Германија е решително на страната на Израел. Нашите израелски пријатели можат да сметаат на нашата посветеност да обезбедиме такво злосторство никогаш повеќе да не се случи“, рече Мерц.
„Ние се залагаме за безбедноста и постоењето на Израел – ова е лекција научена од Холокаустот и е дел од германскиот идентитет“, рече германскиот лидер.
Мерц, исто така, повика да се вложат напори за нова реалност во која Израелците, Палестинците и нивните соседи живеат во мир и безбедност.
„Веруваме дека оваа цел најдобро може да се постигне со создавање палестинска држава што постои покрај Израел“, рече германскиот канцелар во соопштението.
МИА
Ново на Сител
-

Аналитичарите не гледаат суштински резултат по средбата во Софија, ова е прв чекор во деблокада на процесот
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Тема на денот со Александар Кржаловски, директор на МЦМС
-

Средба Муцунски - Чамова во Софија
-

Родителите на судијата Ристов: Парите во ѕидот се наша заштеда од бостан, пиперки и дињи
-

Три станови гаранција за Груби
-

Втор ребаланс на буџетот: Се кратат приходи и расходи, дефицитот останува ист
-

Привремени договори, трајна несигурност за работниците во јавниот сектор
