Три лица од Радовиш олеснети за над 460 илјади денари од тројца измамници, меѓу кои и затвореник
Три лица од Радовиш се олеснети за 460 илјади денари од тројца измамници од Струга, село Дедино, Конче и Долно Оризари, битолско, информираа денеска од СВР Струмица.
Нив полицијата ги сомничи дека сториле кривични дела „злоупотреба на лични податоци“, „измама при добивање кредит и друга погодност“, „компјутерска измама“ и „изработка и употреба на лажна платежна картичка“.
На чело на тричлената група измамници бил П.С.(31) од Струга, кој во периодот додека го сторил делото бил на издржување затворска казна во затворот „Идризово“, а измамата ја направил заедно со З.А.(51) од село Дедино, општина Конче и Ц.С.(47) од село Долно Оризари, битолско.
– Во периодот од септември до декември 2022 година, П.С. користејќи ја социјалната мрежа „Фејсбук“ и со телефонска комуникација стапил во контакт со З.А.(51) на кого му дал насоки да собира лични податоци, трансакциски сметки и броеви од платежни картички од лица од Радовиш, по што З.А. обезбедил податоци од три лица од Радовиш и му ги доставил на П.С., информираат од СВР Струмица.
Со добиените податоци П.С. аплицирал за кредити во име на оштетените без нивно знаење, пристапувал и ги менувал нивни податоци во банкарскиот систем за електронско банкарство и вршел трансакции во нивно име, односно со нивни платежни картички.
– Поголемиот дел од паричните средства кои осомничениот З.А. ги подигал од сметки на оштетените му ги доставувал на П.С., кој во тој момент издржувал затворска казна во затвор „Идризово“, а мал процент задржувал за себе. Третоосомничената Ц.С. со ставање на располагање на нејзината банкарска сметка му овозможила на првоосомничениот П.С. да располага со средствата стекнати на противзаконски начин, односно да врши електронски трансфер на парични средства од трансакциските сметки на оштетените, неовластено користејќи ги нивните платежни картички, се додава во информацијата од СВР Струмица.
Според полицијата на ваков начин П.С. и З.А. противправно се стекнале со имотна корист од 463.959 денари на штета на три лица од Радовиш.
Ново на Сител
-

Тетовец се напил до 3,02 промили па си ја истепал сопругата
-

25-годишна девојка од Гостивар нападнала полицаец
-

Двајца Украинци нападнати во Центар по недоразбирање околу резервација за сместување
-

Судар на четири возила на патот Прилеп - Битола, едно лице тешко повредено
-

Уапсен маж од прилепски, возел со 3,37 промили алкохол во крвта
-

Приведени четири лица, меѓу кои малолетничка, пронајден пиштол и кокаин
-

Забрана за сообраќај на камиони на патот Гостивар - Стража - Кичево во двата правца поради врнежи од снег
-

Стармер го повика поранешниот принц Ендрју да сведочи за врските со Епстин
