Три лица приведени на граничните премини „Долно Блаце“ и „Табановце“
Во текот на вчрашниот ден на граничните премини „Долно Блаце“ и „Табановце“ беа уапсени три лица.
Вчера во 12.00 часот на граничниот премин Долно Блаце на влез во Република Македонија при контрола на патничко моторно возило „Мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управуван од Е.Ќ.(26) од Косово, било забележано дека ВИН бројот отстапува од оригиналот. Е.Ќ. е приведен и заедно со возилото во 14,15 часот е предаден на полициски службеници од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Нешто подоцна во 13.00 часот на граничниот премин Долно Блаце на влез во Република Северна Македонија, при контрола на патничко моторно возило „Мерцедес“ со косовски регистарски ознаки, управувано од Н.Х. (31) од Косово, било забележано дека ВИН бројот отстапува од оригиналот. Н.Х. е приведен под сомнение дека извршил фалсификување на ВИН бројот и заедно со возилото во 14,15 часот е предаден на полициски службеници од од СВР Скопје за понатамошна постапка.
Според пријавеното во 23,30 часот на граничниот премин Табановце на излез во Република Северна Македонија со автобус со охридски регистарски ознаки кај лицето А.К. (41) од Р.Албанија со албанска патна исправа, при контролата е констатирано дека недостасуваат две страници од патната исправа. Истиот е приведен и во 01,40 часот е предаден на полициски службеници од СВР Куманово за понатамошна постапка.
Ново на Сител
-
Градежниците и портокаловата фаза
-
Преглед на вестите од светот
-
Тема на денот со Александар Николоски, вицепремиер и министер за транспорт
-
Поплавени куќи, свлечишта, над 200 пријави за штети во Тетовско
-
22735 членови ќе гласаат за нов претседател на СДСМ
-
Истрага за смртта на бебето од Прилеп
-
Македонија со Влада, Мицкоски ја презеде премиерската функција
-
Муцунски во Луксембург: Европска агенда ослободена од билатерални прашања