Три лица приведени поради намeра за атентат врз принцот Хари
Tри лица се приведени при планирање обид за атентат врз принцот Хари, oбјави британски Експрес.
Поранешниот началник на кралската гарда Даи Дејвис е загрижен за сегашната состојба на принцот и неговата сопруга Меган Маркл. Тој објави дека пред еден месец Хари бил предупреден за можен обид за атентат.
Во овој случај, уапсени се три лица, кои се осомничени дека имале намера да го повредат принцот.
И покрај ниската стапка на криминал во Канада, бројот на огнено оружје по глава на жител во земјата е исклучително голем. Даи Дејвис го нагласува фактот дека принцот Чарлс се уште е главен командант на британските воздушни сили, со што неговиот син е цел на разни терористички организации. Според него, преминувањето во другиот крај на светот го намалува нивото на безбедност.
Ново на Сител
-
МОН: Деновите од изборите ќе се одработуваат во две саботи, СОНК бара повлекување на одлуката
-
Втор ден кампања за парламентарните избори
-
Последни 4 дена од кампањата за претседателските избори
-
Дуалното образование се попривлечно за средношколците
-
Струмичкиот театар одбележува 75 години постоење
-
Преглед на вестите од светот
-
Петмесечно бебе е вториот случај на голема кашлица во прилепско
-
Преглед на вестите од светот