Три млади лица загинаа во сообраќајна несреќа на патот Гњилане - Приштина
Тројца млади на возраст од околу дваесет години загинаа во сообраќајна несреќа што се случи доцна синоќа на патот Гњилане – Приштина каде што автомобилот им паднал во Бадовачкото езеро, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според медиумите, тие со нивното возило паднале во Бадовачкото езеро, од каде биле извлечени утрово, по седумчасовна претрага од страна на спасувачките тимови на Безбедносните сили на Косово.
Информацијата за тешката сообраќајна несреќа во изјава за медиумите ја потврди портпаролката на косовската полиција за приштинскиот регион, Флора Ахмети.
„Синоќа околу 23:00 часот добивме информација дека на патот Гњилане-Приштина се случила сообраќајна незгода со смртни последици. Во несреќата учествувало едно возило во движење. Во несреќата загинале три лица. Смртта ја констатира медицинска екипа на местото на настанот. Во моментов во тек е полициска истрага за расветлување на околностите кои довеле до оваа несреќа“, се вели во изјавата Ахмети.
Ново на Сител
-
Се разгледува можноста за доградба на жичарницата на Водно
-
Одложени два лета од скопскиот аеродром
-
Момче од Македонија почина во Шпанија, семејството моли за помош за транспорт на телото
-
Утре вонредна седница на Советот за национална безбедност на Црна Гора
-
Вучиќ: Не им замерувам на студентите во блокадите, тие беа мали кога злото беше на власт
-
Мицкоски: Нема зголемување на старосната граница за пензија и на давачките, фокусирани сме на политики за намалување на сивата економија
-
Отстранети 50 кубни метри непрописно одложен отпад за време на новогодишната ноќ
-
Спортски настани кои ја одбележаа 2024 година