Три нови позитивни случаи на Ковид-19 во Делчево
Три нови позитивни случаи на Ковид-19 во Делчево. Како што соопштија од Здравствениот дом во Делчево, од вкупно 10-те тестирања кои поради контактите на веќе заразените беа направени за присуство на Ковид-19 во петокот, како позитивни на тестот биле тројца пациенти, еден тест е негативен, додека за шест тестови резултатите допрва ќе бидат соопштени.
-Новите тројца пациенти, кај кои е утврдено присуство на Ковид-19 се асимптоматски случаи и се во добра здравствена кондиција. Едно лице од тестираните е негативно, додека за останатите шест тестови допрва ќе бидат соопштени резултатите. Денес дополнително се направени три тестирања за кои исто така очекуваме резултати, истакнаа од Здравствен дом „Гоце Делчев“ во Делчево.
Од таму упатија апел да се почитуваат мерките за заштита од Ковид-19.
Заклучно со денешниот ден, во Делчево има шест активни случаи на Ковид-19.
Ново на Сител
-
Завршен митинг на СДСМ
-
Завршен митинг на ВМРО-ДПМНЕ
-
Завршен митинг на Влен
-
Последен ден за кампања - пораки на кандидатите
-
Парламентарни избори 2024
-
Седница на ДИК за приговори од граѓани за лично избирачко право
-
Производителите на зелка бараат обештетување поради ниската откупна цена
-
Евростат: Невработени во март биле 13,2 милиони лица во Унијата, на Германија до 2035 ќе и фалат 7 милиони работници