Три сообраќајки во Тетовско, неколку повредени
Две сообраќајки со повредени лица и пријава за намерен судир на возила по претходен инцидент, евидентира СВР Тетово во последните 24 часа.
–На булеварот „Маршал Тито“ кај Центарот за култура синоќа околу 21 часот патничко возило „опел корса“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ш.З.(53) од Тетово удрило во Е.А. (67) и Ф.М.(62), двете од Тетово. По незгодата, на повреди се пожалила Е.А. која била пренесена во Клиничка болница Тетово за укажување лекарска помош, соопшти полицијата.
Претходно, во текот на денот, на улицата „171“ во Голема Речица имало сообраќајка меѓу моторно возило и мотоцикл „филјанг“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Б.А. (46) од Тетово. По незгодата возилото заминало, а Б.А. и неговиот 12-годишен сопатник, двајцата од село Пирок, биле пренесени во Клиничка Болница Тетово за укажување на лекарска помош.
Во полицијата има и две пријави од две групи лица за ист инцидент.
-Во 1.40 часот во Полициска станица Тетово А.М.(24) и Л.С., и двајцата од тетовското село Челопек, пријавиле дека околу 23.30 часот, додека се движеле со нивното возило „голф 6“, со тетовски регистарски ознаки по регионалниот пат Тетово-Јажинце, биле намерно удрени од Б.И. од Порој со возило ,,пасат“, со тетовски регистерски ознаки во кое има уште едно лице од исто место. Претходно околу 00.15 часот Б.И. од с.Порој пријавил дека во непосредна близина на бензинска пумпа во селото бил физички нападнат од лицето А.М. и уште две непознати лица. По насоки од Јавен обвинител се преземаат сите мерки и активности за целосно расчистување на случајот, при што ќе следи и соодветен поднесок, информира СВР Тетово.
Ново на Сител
-
Волстрит џурнал: Се очекува Трамп да нареди укинување на Министерството за образование
-
Политико: Соработници на Трамп водат тајни разговори со украинските противници на Зеленски
-
ЛШ: Баерн, Барселона, Ливерпул и Интер со предност пред реванш осминафиналните дуели
-
Во синоќешните инциденти во Атина приведени 30 лица
-
Канада би можела да го користи извозот на гас и нафта како алатка доколку ескалира спорот околу царините со САД, рече министерката за надворешни работи на земјата
-
Холандија вети 3,5 милијарди евра поддршка за Украина за 2026 година
-
СЗО: Замрзнувањето на помошта од САД загрозува милиони животи на заболени од туберкулоза
-
Без струја неколку улици во општините Аеродром, Сарај, Центар и Ѓорче Петров