Кошарка
14. October 2016 - 9:56

Три триумфи на гостите на трите средби во Евролигата

 
 Во кошаркарската Евролига синоќа се одиграат три натпревари од воведното 1.коло на новата сезона, и сите три завршија со победи на гостинските екипи.
 
ЦСКА Москва со убедлива победа од 109:84 на гостувањето во Истанбул кај Галатасарај ја започнаа одбраната на титулата.
 
До триумфот московската екипа ја предводеа, Милош Теодосиќ со дабл-дабл учинок од 20 поени и 11 асистенции, Нандо де Коло кој беше најефикасен со 22 и Арон Џексон кој средбата ја заврши со 16 постигнати поени
 
Во Белград, Црвена звезда загуби од Дарушафака со 70:73, а минимална победа на гости во Милано оствари и Макави Тел Авив кој со 99:97 го победи Армани.
 
Во премиерниот меч од новата сезона, одигран во средата, Реал Мадрид убедливо го победи Олимпијакос со 83-65.
 
За денеска закажани се средбите: Уникс Казан – Барселона, Фенербахче – Бамберг, Панатинаикос - Жалгирис и Басконија - Анадолу Ефес.