Македонија
22. April 2024 - 12:03

Три жени каснати од кучиња во Скопје

Три напади од кучиња скитници во Скопје за еден ден.

- На 21.04.2024 во 11.15 часот во Полициската станица Центар, С.М.(48) од Скопје пријавила дека на ул.„Јужен булевар“ во Скопје била касната од куче скитник. Истиот ден во 22.35 часот во Полициската станица Центар, Л.Ц.(78) од Скопје пријавила дека на  ул.„Народен фронт“ во Скопје била касната од куче скитник, додека пак во 23.30 часот во Полициската станица Карпош, Ш.А.(69) од Скопје пријавила дека на бул.„Митрополит Теодосиј Гологанов“ во Скопје била касната од куче скитник, соопштија од МВР.