Свет
8. April 2018 - 11:54

Три жртви во напад во американскиот град Рокфорд

Три лица се убиени во приватен автобус за забава во Рокфорд, во американската сојузна држава Илиноис, соопшти локалната полиција.

Напаѓачот се уште не е уапсен, но полицијата соопшти дека се трага по 22-годишниот Рахим Кинг од Рокфорд, јави локалниот весник „Рокфорд реџистер стар“.

Осомничениот ги убил жртвите со автоматска пушка.

За сега не е познато колку луѓе имало во автобусот, а очевидци изјавиле дека преживеаните истрчале од автобусот, бегајќи од напаѓачот.

Возачот на автобусот повикал полиција, а жртвите се уште не се идентификувани.